About the USI (Macedonian)

What is a Unique Student Identifier (Што е Единствен број за идентификација на ученици/студенти (USI)?

A Unique Student Identifier (USI) е број под кој е заведен секој ученик/студент кој посетува курс за стручна подготовка или настава за стекнување на квалификации од високо образование, кои се признати на национално ниво во Австралија.

USI е поврзан со онлајн сметка на која ќе бидат заведени сите ваши курсеви од Vocational Education and Training (Стручно образование и подготовка (VET)) и резултатите што сте ги постигнале, почнувајќи од 1 јануари 2015.

Кога ќе се пријавувате за работа или понатамошни курсеви, на новиот работодавец или училиштето за стручна подготовка можеби ќе треба да им доставите доказ за VET курсевите што сте ги завршиле и резултатите што сте ги постигнале.

Можете да ги земете вашите резултати и извештаи од вашата онлајн USI сметка од компјутер, таблет компјутер или мобилен телефон.

На кого му треба USI?

Секој ученик/студент кој посетува настава после 1 јануари 2015. Ова вклучува посетување на настава на факултет, TAFE или приватно училиште за стручна подготовка, за изучување на занает или стекнување на свидетелство или диплома.

Зошто треба да имате USI?

Учениците/студентите кои посетуваат настава се обврзани со закон да имаат USI пред да ја завршат нивната обука.

Како можам да добијам USI?

Ако имате подготвен документ за идентификација и ако знаете да читате на англиски јазик, тогаш можете да поднесете молба за USI онлајн. Ако не знаете да читате на англиски јазик, може да побарате помош од некој пријател или член од семејството. Училиштето во кое посетувате курс за стручна подготовка исто така може да ви помогне да поднесете молба за USI.

Преведувач

Лицата кои имаат тешкотии при зборувањето или разбирањето на англискиот јазик може да користат услуги од Служба за писмено и усмено преведување (TIS National) ако се јават на 131 450 (по цена на локален телефонски повик). Замолете ги во TIS National да се јават во Канцеларијата на USI на 1300 857 536. TIS National нуди преведувачки услуги на повеќе од 160 јазици и дијалекти.

Ви благодариме

Last Modified on Friday 18th December 2020 [130]